Според најновите гласини Кристијан Бејл бил понуден со неверојатни 50 милиони долари да се врати како темниот витез, но во продолжението на “Man Of Steel” , кое се претпоставува дека ќе го носи насловот “Batman Vs Superman”.
Некои весници и таблоиди за оваа тема велат дека тоа се само шпекулации, но авторот Винсент Расел во еден разговор кажал дека Кристијан Бејл може да заработи 50 милиони долари од новиот филм за да се појави само дваесет минути.
Досега, нема цврсти докази за преговорите со Кристијан Бејл. Во јули оваа година Бејл за неговата улога во Бетмен изјавил: “тоа е факел кој треба да биде предаден од еден актер на друг” додавајќи: “јас уживам гледајќи напред кон новостите кои ќе ги смислат другите”.