Некогашната победничка на шоуто “America’s Next Top Model”, Витни Томпсон, сака Кристина Агилера да биде новото заштитно лице на нејзината страница “TheBiganTheBeautiful.com”, наменета за крупните жени. Износот кој пејачката би го добила за ангажманот изнесува 2,2 милиони евра. Витни Томпсон била првата полна учесничка која победила на натпреварот за нов американски модел, а сега е посветена на уредување на интернет страница за жените со бујни гради.

Нејзината намера е Кристина да го искористи влијанието кое го има во музичката индустрија за промовирање на полните дами. Пејачката сеуште не се изјаснила дали ја прифаќа понудената улога или не, но затоа неодамна открила дека не планира да држи никаква диета.