На кралската венчавка во Британија ќе присуствуваат 650 гости. Кралицата повикала 50 луѓе, принцот Чарлс и Камила 250, Семејството Мидлтон 100, а Вилијам и Кејт заедно составиле листа од 250 имиња. На листата се нашле Руперт Финч, со кого Кејт била во врска пред принцот, како и нејзината тинејџерска љубов Вилем Маркс.


Вилијам исто така ги повикал сите свои поранешни девојки: Исабела Анструтер-Гог-Калторп, Арабела Мусгрејв, првата девојка Роуз Фаркуар и првата љубов Џека Крег. На венчавката исто така се повикани и Дејвид Бекам, Гај Ричи и Роан Аткинсон. Родителите на Кејт повикале повеќе гости од карипскиот остров Мистик, па се претпоставува дека младенците таму ќе одат на меден месец.