Вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови и има околу 550 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во Ковид центарот во Охрид на лекување се наоѓаат 6 пациенти, а во струга има 4 болни.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

OhridNews