На концерт одржан минатата недела во близина на Москва, ослепеле 30 луѓе, од кои повеќето трајно, а сите се згрижени во болница.

За време на концертот одеднаш се поголем број на луѓе почнале да се жалат на очите.

– На сите им е оштетена рожницата. Кај некои пациенти оштетувањето на видот изнесува 80 проценти, а можноста за оздравување е минимална, рекол еден лекар во боницата.


Несреќата се случила кога организаторите поради силниот дожтд подигнале шатор, а светлината од силните ласери, која требало да биде насочена кон небото, се рефлектирала од таванот на шаторот и удирала во очите од посетителите.

– Одеднаш пред очите гледав само црна точка, како кога ќе гледате во сонце. После три дена одлучив да одам во болница. Ме прашаа дали сум бил на тој концерт, а кога потврдив, веднаш ме хоспитализираа. Не ме пуштија да одам дома по алишта, рекол еден од повредените.