На наградниот конкурс за најдобар расказ што по повод одбележувањето на годишнината од смртта на познатиот македонски писател Живко Чинго пријавени се преку 50 раскази.

Големиот број пријавени раскази говори за интересот за манифестацијата кај авторите, изјави за Ohridnews, Митре Велјаноски советник за образование и култура во локалната самоуправа и член на организациониот одбор на манифестацијата „Вечер на Чинго“.


Митре Велјаноски

Наградите ќе ги додели посебна жири комисија. Авторот на првонаградениот расказ ќе добие 30.000 денари, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 8-ми август.Наградата на добитникот ќе му биде врачена на традиционалната манифестација „ВЕЧЕР НА ЧИНГО“ што ќе се одржи на 13. август во Велгошти.

Ohridnews