Бијонсе на Твитер поставила фотографија на нејзината ќерка, Блу Ајви Картер. Сличноста на едногодишното девојче со нејзиниот татко е повеќе од очигледна. Фотогорафијата која е дел од документарниот филм на пејачката “Life Is But A Dream” станала вистински хит на друштвената мрежа, а привлекла и големо внимание кај медиумите.

Иако имало и една споредбена фотографија на пејачката и нејзината ќерка, заклучок е дека девојчето многу повеќе личи на својот татко. Првото дете на Бијонсе и Џеј Зи е родено на 7 јануари минатата година во Њујорк, а нејзините родители го заштитиле нејзиното име така да сега никој не може да се вика како неа.