Општината Паралимини, летовалиште во југоисточен Кипар, го послала најголемиот пешкир за плажа на светот, надевајќи се дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди, и така ќе го стимулираат туризмот.

Пешкирот долг 64 метри и широк 31 метар, со површина над 1900 мтетри квадратни, послан е на плажата Смоквик од страна на доброволци и под надзор на претставници на славната книга на рекорди.


Досегашниот рекорд во големина на пешкир го држат Американци со димензија 40 x 23 метри.

Кога рекордот ќе биде забележан, кипраните пешкирот ќе го исечат на парчиња и ќе го поделат како награда на доброволците кои ќе го постелат.

Туризмот во Кипар завзема 20 проценти од бруто домашниот приход, кој себеси се нарекува најсончева земја во Европа.