На кинорепертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ денес и во наредните два дена ќе се прикажува американскиот филм „ Вампирска академија“  во режија на Марк Вотерс.

Дејството во филмот се одвива во академијата „Св. Владимир“ која не е обична приватна образовна институција, туку тајно место на кое вампирите учат како да користат магија, а дампирите-полулуѓе, полу-вампири, минуваат низ обука со цел да ги заштитат.  

Почеток на проекциите е во 20 часот, влез 100 денари.

OhridNews