На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ од среда до сабота ќе се прикажува научно- романтичниот филм „Убавицата и ѕверот” во режија на Кристоф Ганс.
Приказната ја опфаќа неочекуваната романса на најмладата ќерка на трговец, под ропство на мистериозниот ѕвер, која за да го спаси таткото одлучува да остане со ѕверот.
Почеток на проекциите е во 20 часот, влез 50 денари.
OhridNews