Центар за култура „Григор Прличев“

Од 29.03.2024 - 20:00 до 29.03.2024 - 21:30

На кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид следната недела долго очекуваниот филм „Недела“ за Џеј Рамадановски. Проекцијата е закажана на 29-ти март со почеток во 20.00 часот, а цената на карта е 150 денари!

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Режијата е на Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ, додека улогите ги играатт Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски.

Карти во продажба на билетара по цена од 150 денари од понеделник 25-ти март.

OhridNews