Центар за култура „Григор Прличев“
Од 25.11.2023 - 20:00 до 25.11.2023 - 22:00
На кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, мега популарниот филм „Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ во сабота, 25 ноември, со почеток во 20.00 часот.
Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна кога група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз.
Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.
Картите по цена од 150 денари може да се купат на билетарата на Центарот за култура.
OhridNews