Додека поголемиот број држави се борат против пушењето, локалната власт во централна Кина издала уредба со која им се кажува на граѓаните дека мораат да испушат најмалку пола милион цигари за да ја подобрат економската состојба во регионот.
Ваквиот потег би требало да ги наполни касите во локалните управни единици и да ги заштити локалните произведувачи на цигари кои ги има преку стотина. Кина има околу 350 милиони пушачи од кои годишно еден милион умираат од болести поврзани со пушењето. Ликалната власт ја сфатила својата задача толку сериозно што формирала посебна единица за надзор на пушењето.