Модерниот воз со ознака CRH 3 постави нов светски рекорд возејќи со брзина од 394,3 километри на час, во доменот на патнички возови наменети за постинување на големи брзини во Кина. На возот му биле потребни само 25 минути и 10 секунди да помине растојание од 115 километри од Тијани до Пекинг.

На овој настан присуствувал и министерот за железнички транспорт на Кина Лиу Зијун. А за овој рекорд заслужна е и фирмата Сименс која ги дизајнирала и ги произвела одделни системи од возот.

Пет возови од серијата CRH 3, треба да почнат да возат помеѓу два олимписки града од 1 август. Кинеските железници нарачале вкупно 60 такви возови. Три возови се направени во Крефелд во Германија додека останатите 57 се произведуваат во фабриката за локомотиви и вагони во Тангсхан.