Еден анонимен човек потврдил за египетскиот весник „Ал ахрам“ дека на новородената ќерка и дал име по најшироката друштвена мрежа на светот, Фејсбук. бидејќи фејсбукот имал една од главните улоги во револуцијата која неодамна се одиграла во Египет, родителите на девојчето се одлучиле да и изразат благодарност на оваа мрежа и на ќерката да и го дадат името Фејсбук.
Бидејќи на Фејсбук за смена на Мубарак биле посветени 32 илјади групи и 14 илјади страници, таткото немал многу дилеми околу името за ќерката. Членовите на интенет заедницата кои ја прочитале оваа информација биле остри и изјавиле дека интернетот навистина е заслужен за ширењето на демократијата на Средниот исток и во Африка, но и дека на треба толку да се претерува.