Започна судењето во кое му се суди на католички свештеник за 101 дело меѓу кои  уцени, измами, присила, физичко насилство и повреди.


39-годишниот свештеник оджувал врска со една жена од 2003 година, а има дури 36 тужби поврзани со таа врска, за повреди, уцени, вербална агресија – најавува обвинителството од Фреирбург.

На свештеникот ќе му се суди за измама преку која добил два заеми од надбискупијата во Фреирбург во износ од 120.000 евра, поради изнудување на 9.000 евра и проневера на два подароци вредни 4.000 евра.