Чудниот артефакт го пронашле научници од Универзитетот во Санкт Петерзбург, а според пишувањето на „weeklyworldnews.com“, стручњаците ја потврдиле неговата автентичност. Археологот од истражувачкиот тим Јуриј Голубев вели дека пронајдокот и нив ги изненадил.
Артефактот бил пронајден во карпа од вулканско потекло, а со анализа било утврдено дека тој не се состои од иста материја, туку од метални делови кои биле поврзани во механизам сличен на часовник или на првите компјутери. Но, тоа што фрапира е податокот дека тие делови според анализите на руските научници се стари 400 милиони години.
Археолозите велат дека на терен излезгле откако добиле дојава дека копачи наишле на интересен пронајдок. Според нивните зборови, машината е составена од стотина цилиндри кои совршено биле зачувани. Археолозите сега се обидуваат да го заштитат подрачјето каде е пронајден необичниот артефакт од љубопитните луѓе кои веќе почнале да доаѓаат тука за да ја видат мистериозната направа.
Предметот наводно го проучиле и американски геолози, кои исто така биле затечени. Тоа е сосема разбирливо бидејќи пред 400 милиони години на Земјата човекот не бил ни на повидок, а поготово не би требало да има било какви машини направени од интелигентни суштества. Во тоа време животните облици на планетата биле едноставни, но доколку евентуално откритие биде потврдено, целата историја на цивилизацијата ќе се сврти наопаку.
Доколку е така, или хомосапиенсот настанал и почнал да се развива многу порано отколку што ние знаеме, што е многу малку веројатно, или на Земјата стотици милиони години пред нас постоела напредна цивилизација за која немаме никакви сознанија, или пак нашата планета уште многу одамна ја посетиле вонземјани.
извр:„dnevnik.hr“