На граничниот премин Ќафасан привремено се задржани разни употребувани производи (електрични шпорети, фрижидери, машини за перење, теписи, скии со везови, кафемати, ДВД, пегла, канцелариски столови, принтери, факсови, фотокопир, машина за сечење сувомеснати производи, мобилен телефон, керамички плочки, ламинат, рутери и телевизори) со вкупна вредност од 127.800,00 МКД.
Стоката била откриена на 07.02.2009 година на влез во Република Македонија, во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички натоварено со стока со потекло од Швајцарија, а наменета за примач во Косово. Возилото било управувано од македонски државјанин, соопшти Царинската управа.