Спречен уште еден обид за криумчарење на антибиотици за ветеринарна употреба на граничниот премин Ќафасан.
Во текот на минатата недела, царинските службеници при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на преминот Ќафасан откриле 28 парчиња антибиотици и инсектициди за животни- Tetracycline капсули, Karvil солуција, Penstrep и Chlortetracycline спреј.
Непријавените производи, кои биле пронајдени во најлонски кеси под седиштата, подлежат на посебен режим на увоз и за нив е потребно одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Лекарства за животни на преминот Ќафасан беа запленети и пред една недела.
OhridNews