Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблици, управувано од македонски државјанин, откриле 28 парчиња антибиотици и инсектициди за ветеринарна употреба.
Сопственикот на непријавената стока не поседувал посебно одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
OhridNews