Компанијата за спортска опрема „Најк“ му даде зелено светло на Леброн Џејмс за промена на бројот на дресот во Лос Анџелес Лејкерс.  Следната сезона „кралот на кошарката“ ќе го носи дресот со бројот 6, како во времето кога настапуваше во Мајами.

Првата виолина на „езерџиите“ минатата сезона посакувал промена, но „Најк“ не дозволил бидејќи во продажба веќе биле пуштени новите дресови со бројот 23.

Дресот со бројот 23 ќе му припаднe на Ентони Дејвис.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ќе имаат посебни дресови, кои ќе бидат посветени на прерано починатата легенда Коби Брајант и освоената титула од изминатава сезона.

OhridNews