Одложувањето на првенстовото АМАК СП ќе го искористи за дополнителни подготвки па екипата која од 19 до 25 Јанураи заминува во спортксиот комплекс Истатов.
– Со пристигнувањето на Вилијам О`Нил се комплетираше составот на АМАК СП – вели за Ohridnews тренерот на Охриѓани Игор Гацов. На ситна повреда се пожали Војдан Стојановски, додека се уште вон стројот е Дејан Вегов. Ја следиме повредата на Вегов и не е исклучена можноста да доведеме уште еден странец – завршува Гацов.
До почетокот на шампионатот кошаркарите на АМАК СП ќе одиграат уште два тест – натпревари. Првиот го играат денес против Фени Индустри во Кавадарци, додека генералката за вториот дел од шампионат ќе биде во вторник против актуелниот шампион Струмица.
Вториот дел од 16 – то кошаркарско првенство започнува на 2 Февруари, во првото коло АМАК СП му гостува на Битолски Пелистер.