Организирана е јавна анкета и јавна презентација за Нацрт-ДУП за УЗ 12,УБ 12.1 Охрид 2010-2015.Просторот на планскиот опфат на овој план е во границите на крак на улицата „ АРМ “, а во рамките на КП. 1602/1 и 2, 1617/1 и 2, 1619/1 и 2, 1620, 1621/1 и 2, 1622/1 и 2, и КП. 1623/1,2 и 3. Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае од 10.12.2010 година, заклучно со 24.12.2010 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 15.12.2010 год. со почеток во 13 часот .

 Јавна анкета и презентација се организира и за Нацарт-ДУП за УЗ 12,УБ 12.1 општина Охрид 2010-2015.Просторот на планскиот опфат е во границите на улиците: „Карпош Војвода“, „Јане Сандански“ и ул. „Сирма Војвода“. Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае од 10.12.2010 година заклучно со 24.12.2010 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 16.12.2010 год. со почеток во 12 часот .

На јавна анкета и јавна презентација ќе се најде и Нацрт-ДУП за УЗ 11, дел од УБ 11.3 опфат 2 општина Охрид 2010-2015. Просторот на планскиот опфат е во границите на улиците: „15 – ти корпус“, „Бејбунар“-крак . „Ристо Чадо“ и улица „1“. Јавната анкета и јавната презентација за Нацрт планот ќе трае од 10.12.2010 година заклучно со 24.12.2010 година. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 16.12.2010 год. со почеток во 14 часот .
Заради обезбедување пристапност во увидот, нацрт- плановите ќе бидат истакнати во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 16 часот во просториите на општината Охрид. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

OhridNews