Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за три урбанистички планови, ќе се одржи денеска во Општина Охрид.

На јавен увид пред граѓаните ќе бидат изнесени: Урбанистички план вон населено место за Охрид за туристички локалитет Горица- Св.Стефан – Метропол – опфат 3; Урбанистички план вон населено место за Лагадин-Пештани дел од УБ 8-Опфат 1 КО Пештани и Детален урбанистички план  УЗ 10 и11 ,УБ 10.4 и 11 .1 Влашка маала и Градинар.

OhridNews