Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на јавен оглас ќе продава 59 хектари државно земјоделско земјиште во Охрид.
Максималната површина за кој може да аплицира еден понудувач е 10 хектари. Времетраењето на закупот е до 30 години за подигање долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ), за спортско-рекреативни активности и за рурален туризам, до 50 години за подигање маслинарници, до 15 години за одгледување други земјоделски култури, до 15 години за ливади и до 20 години за рибници. Право на учество на огласот имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.
Околу 70 хектари државно земјоделска земјиште ќе се продава и во струшко, од вкупно 1.557 хектари предвидени за продажба на територијата на целата држава.