Еден бизнисмен од Италија бил многу повреден откако го оставила девојката па платил околу 20 илјади евра на производител на играчки за возрасни да направи нејзина реплика. Собрал фотографии од поранешната девојка и ги однел на Диего Бартолини за да направи кукла во природна големина која изгледа како поранешната.


Сакал единствено да има поголеми гради. Диего рекол дека нивните кукли се многу веродостојни. За изработка овој пат наплатил повеќе, бидејќи нарачателот сакал се да биде исто како кај девојката, вклучувајќи ја и формата на ноктите. Тешка е 58 килограми, а висока 160 сантиметри, а толку е витка што може да ги прави сите човечки потези.