Венчаницата на Кејт Мидлтон ова лето ќе биде јавно изложена во Бакингамската палата. Сите заинтересирани фустанот, кој го креирала Сара Бартон од модната куќа Александер Маквин, ќе можат да го видат од 23 јули до 3 октомври.
Било соопштено дека покрај венчаницата ќе бидат изложени и превезот, тиајарата, чевлите и дијамантските обетки кои ги носела Кејт за време на венчавката. Венчаницата ќе биде изложена во рамките на популарното разгледување на Бакингамската палата кое е на понуда во летните месеци. Разгледувањето вклучува и уметничка колекција на кралицата Елизабета во која има и дела на Рембрант и Рубенс.