Стотина предмети од Титаник биле изложени во Лондонската О2 арена, а меѓу нив и некои кои публиката до сега немала можност да ги види. Титаник, најголемиот патнички брод на почетокот од минатиот век, на своето прво патување кон Њујорк од Саутемптон потонал по само четири дена пловидба, удирајќи се во санта мраз. Се удавиле повеќе од 1500 патници.


Група американски научници, предводени од еминентниот океанограф Роберт балард, во 1985 година ги открила остатоците од овој брод во близина на Њуфаундленд. Оттогаш започнало извлекувањето на предмети од дното, меѓу кои има музички инструменти, садови за домаќинство, шишиња парфем и многу други кои се изложени на оваа изложба. Покрај нив за прв пат ќе можат да се видат и неотворени шишиња вино, облека на некои од патниците и многу други предмети.