Сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Охрид на патот за Битола, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило и моторцикл. Од полицијата ја потврдија информацијата, но засега нема детали за здравствената состојба на учесниците.

На местото на настанот извршен е увид.

OhridNews