– Барањето на опозицијата беше изборниот законик да се усогласи со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и тоа е направено. Очекуваме опозицијата да се врати во Собранието и да го изгласа изборниот законик и да одиме на избори.- рече Јанкулоска.
Таа појасни дека со измените во Изборниот законик и се дава можност да гласа и на дијаспората. Како што посочи Јанкулоска, два дена по распишувањето на изборите, ДИК до Министертсвото за надворешни работи ќе достави известување за објавување јавен повик за распишување на изборите, а тоа во рок од три дена ќе го достави до сите дипломатско-конзулрани претставништва.
– Известувањето ќе треба да се објави во најмалку еден од трите најтиражни национални весници во соодветната земја, на најмалку една четвртина од страна и да содржи податоци за видот на изборите за кој се гласа, повик за јавен увид во Избирачкиот список и за пријавување за гласање, денот на отпочнувањето и завршувањето на пријавувањето за гласање, потребните документи, како и појаснувањето кој може да гласа и каде ќе се спроведува гласањето, објасни Јанкулоска.