Иван Тасески од Љубаништа Богојавленските празници  ќе ги памти по убаво. На Водици тој го фати чесниот крст што се фрли во осветените води кај Св. Наум, а вчера на зимското капење на рибарите кај Сараиште доплива до единственото буре во кое имаше бело вино, што му донесе дополнителна награда од 10000 денари од кумовите на Водици, а Богојавление му подари златник со ликот на Св. Јован Крстител.


 На Иван му тргна на Водици

OhridNews