На одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа Болница Охрид беше дониран апарат Body composition analyzer Inbody 270, кој се користи во Центрите за обезност во нашата држава.

Истиот е наменет за мерење, анализа и следење на процентот и видот на масното ткиво, процентот на мускулна маса и количината на вода, пред се кај пациенти со обезност, посочуваат од Болницата.

Апаратот, исто така, дава прецизни податоци за телесната тежина, индексот на телесна маса, прави проценка на здравствените ризици и овозможува нивно следење во одредени временски интервали. Со ова се овозможува Центарот за дијабет воедно да функционира и како Центар за обезност при што овој апарат значајно ќе придонесе за квалитетот на третманот на пациентите, потенцираат.

OhridNews