Во јавноста со помош на интернет страницата “Pornwikileaks.com биле објавени околу 15 илјади вистински имиња на порно ѕвезди, како и други нивни лични податоци. Актерките од порно индустријата се во шок. Некои од нив за инцидентот ја обвинуваат здравствената фондација за порно индустријата во која се спроведуваат испитувања за ХИВ и други полово преносливи болести.


Во меѓувреме сите оние, кои за разлика од Џена Џејмесон го криеле својот вистински идентитет, стравуваат дека сега нивните тајни животи ќе излезат во јавност и дека нивните семејства ќе дознаат со што точно се занимаваат. За сега не е познато во чија сопственост е страницата која ги објавила имињата, но се знае дека е регистрирана во Холандија.