На целиот интернет нема никакви информации за цените во Охрид. Попрецизно, оние податоци кои ги има постојат изгледа само на сајтови на некои поедини угостители, кои не можат да се пронајдат ако името на угостителот не се знае однапред, и се однесуваат само на нивните приватни понуди.
Пребарувањето го направив врз база на сосема попатна забелешка на Србин кој рече, парафразирам: Вие не сте свесни колку анксиозност предизвикува немањето на оваква информација кај потенцијалните посетители.
Знаејќи дека во денешницата не треба да се чека иницијатива од други, дури помислив самиот да отворам сајт исклучиво за корегирање на овој пропуст, но чинам дека тоа би бил несоодветен потег. Јас ниту редовно сум водел вебсајт, ниту имам искуство или контакти со охридски угостители. Оваа работа треба да ја превземе некој кој е повеќе повикан за неа.