Славната латино дива успеа да собере речиси половина милион лајкови за само еден дена кога на Инстаграм објави фотографија во бело бикини. Сепак, кога во истото издание се појави на плажа, никој не ја препозна. Џенифер Лопез реши што побрзо да го добие препознатиливио бронзен тен, па убавото време го искористи за сончање на плажа во Мајами.
Џенифер сакаше да остане незабележана, па се камуфлира со помош на марама на главата и големи очила за сонце. Поради тоа голем број од посетителите на плажата не ја препознаа додека уживаше на сонцето. Сепак, не успеа да остане незабележана од фотоапаратите на папараците кои ја следат на секој чекор.