Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти, сомнителни за инфлуенца А Х1Н1, соопшти Министерство то за здравство.

Новопримение пациенти се во стабилна здравствена состојба, освен една пациентка, која е примена вчера во тешка општа состојба, но не е на респиратор. Исто така, во изразито тешка општа состојба  е пациентката примена на 18.11, која се уште е на вештачка вентилација и без промени од претходниот ден.  

Во изминатото деноноќие е подобрена состојбата кај 16 пациенти, од кои дел се излекувани, а дел се пуштени на домашно лекување. Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 50 болни.

Ohridnews