Пред неколку дена, во очи на договорениот настап во арената „Лисински“ во Загреб, македонскиот стендап комичар Никола Тодороски доживеал непријатна ситуација на хрватската граница, пишува популарниот портал “Index.hr”. Имено, во тек на претресот, граничните полицајци успеале да го заклучат клучот од возилото во гепекот, поради што екипата чекала на границата повеќе часови.

„Ха ха ха, значи “MUP RH” мораш да ги сакаш. Денеска пред пет часа на граница одлучиле да го претресат возилото на нашиот вечерашен гостин од Македонија Никола Тодороски. За време на претресот ги замолиле Никола и неговите двајца пријатели да излезат од возилото и да стојат на страна. Почнале со претресот и во текот го заклучиле клучот од возилото во возилото. Никола и неговите пријатели веќе четири и пол часа чекаат да дојде мајстор да ја отвори бравата. Се надеваме дека се ќе биде во ред и Никола ќе ни се придружи вечерва.“ – напишаа од „”Studio Smijeha” на фејсбук пред неколку дена што предизвика лавина реакции, пренесува “Index.hr.”.

Никола на крај среќно стигнал во Загреб. го одржал настапот и добил громогласен аплауз.

OhridNews
извор: “Index.hr”