Мишел, 40-годишен Белгиец завршил во притвор на Ноќта на вештерките. Се маскирал во крадец и со пластичен пиштол одел по улица.


На пешачкиот премин му се заблагодарил на еден возач што го пуштил да премине мафнувајќи му со раката во која го држел пиштолот. Преплашениот возач, кога го видел пиштолот, мислел дека човекот сака да му го украде автомобилот. Кога виделе дека се работи за грешка го пуштиле на слобода. Секако, заработил опомена.