На Гумење во Крушево, ќе се гради спомен куќа посветена на трагично загинатата музичка икона, Тоше Проески, одлучи работната група  на Министерството за култура.

Веќе е распишан меѓународен тендер кој ќе трае до 10 март, а избраниот проект ќе биде награден со 200.000 денари.

Надлежните информираат дека спомен куќата на Тоше ќе се гради на државно земјиште, на површина од 700 метри квадратни, каде сега се наоѓа некогашниот ресторан на претпријатието „Монтана“, кој Тоше пред две години  сакал да го изнајми за да направи свое музичко студио.

ohridnews