Алберт Витамор починал минатата седмица по долгогодишна борба со болест на белите дробови, за која ја обвинувал зависноста од цигарите. Сакал другите да ги предупреди за опасноста која ја носи овој порок, па во тестаментот напишал дека покрај неговото тело сака да стои натпис „Пушењето ме уби“.
Иако доживеал старост од 85 години, долго пател и сакал да ги предупреди другите за опасноста од пушењето цигари. Го закопале минатата среда, а погребното претпријатие кое го организирало погребот ја исполнило неговата желба ставајќи го натписот на неговиот гроб.