Пoд глечерот Петерман на Гренланд се одвои санта мраз два пати поголема од елитниот њујоршки кварт Менхетн.
Сателитските снимки на НАСА прикажуваат дека голема површина мраз се одвоила од глечерот. Во 2010 година, исто така, се одвои санта мраз со површина од 250 километри квадратни, пренесува BBC.
Одвојувањето на санти мраз од глечерите е природна појава но научниците ги изненадува тоа што во последните години на Гренланд зачестија ваквите појави. Големите санти мраз пловат по морето што им причинува проблем на бродовите кои пловат во овој дел од северната хемисфера.
OhridNews