Најстарите фосилизирани докази за животот на Земјата се пронајдени во карпите на Гренланд стари 3,7 милијарди години од периодот кога Земјата наликувала на Марс, се вели во статијата објавена во списанието Nature, -пренесува „Макфакс“.
Првите живи организми се појавиле на Земјата во архејската ера и сé уште нема општопризнат став, како и кога започнал животот. До денес се откриени неколку фосилни докази дека микробите веќе постоеле во првичниот океан на Земјата пред околу 3,4 милијарди години, но многу научници сметаат дека животот можеби се родил многу порано од овој репер.
Пред три години, јапонски геолози открија знаци дека животот постоел на Земјата пред околу 3,7 милијарди години, проучувајќи примероци од графит од карпестата формација Исуа, којашто се формирала во тој период на Гренланд.
„Строматолитите содржат милијарди бактерии… еквивалент се на густ станбен комплекс“, вели научникот Мартин Ван Кранендонк, кој ги идентификуваше претходно најстарите фосили на Земјата.
Во времето кога строматолитите почнале да растат, Земјата најверојатно наликувала на Марс, а тие паралели би можеле да претставуваат нов поттик за истражувањето дали на Марс некогаш имало живот, велат научниците.
Научниците сега во карпите на Исуа на југозапад од Гренланд откриле мали грумени од неколку сантиметри во височина, за кои тврдат дека се фосилизирани групи микроби слични на оние откриени во морето од Бермудите до Австралија. Доколку се потврди дека станува збор за строматолити, фосилизирани заедници на бактериите, а не некоја чудна природна формација, тогаш овие фосили според староста ќе ги надминат досега најстарите докази за живот на Земјата, фосилите од Австралија, за 220 милиони години.
Алан Натмен од австралискиот универзитет Волонгонг и неговите колеги откриле нови докази кои одат во прилог на оваа теза, пронаоѓајќи на истата формација Исуа „вистински“ останки од најдревниот живот на Земјата во форма на строматолити слоевити камења и капри, во чијашто внатрешност се содржен отпечатоци од бактерии и траги од нивната животна активност.
Строматолитите, како што денес веруваат научниците, се формирале во плитките води во првиот океан на Земјата како резултат на формирањето на големите колонии бактерии, продуктите од животната активности и телата кои формирале своевидна „прекривка“, којашто постепено се претвориле во седиментни карпи богати со јаглерод и други органски материи од разновиден вид.
Овие камења содржат траги од древна форма на живот, како што пишуваат Натмен и неговите колеги, биле откриени неодамна во наслагите на формацијата Исуа, кои претходно биле прекриени од снег и мраз. Во нивната внатрешност, како што се покажало се содржела послоевита структура, конусни отпечатоци меѓу она за што научниците претпоставуваат дека се микроорганизми и други можни траги, но органски соединенија во нив не се сочувале.
Од друга страна, хемискиот состав на строматолитите се разликува од оној на околните карпи, што зборува дека тие се формирале или содржеле поинакви материи, во споредба со другите карпи на формацијата Исуа. Тоа, како што сметаат авторите на студијата, претставува сериозен аргумент во полза на тоа дека ги создала активност на живи организми, и дека надворешната стана на конусните отпечатоци се траги од микроорганизми.
Се разбира, овие сознанија, како и студијата на јапонските колеги на Натман, најверојатно нема да бидат прифатени од страна на целата научна заедница и многу истражувачи сметаат дека неговиот тим открил во групата строматолити траги од абиотски активности во „супата“ на првичниот океан на Земјата. Сепак, како што смета Абигјел Оливуд, астробиолог на NASA, ова е навистина една од најстарите и најветувачки траги дека животот на Земјата веќе постоел околу 400 до 500 милиони години по нејзиното раѓање.
Доколку ваквите тези се точни, тогаш научниците ќе мора да пристапат на преразгледување на ставовите за првиот живот и колку случајно било неговото раѓање. Фактот што во тој период Земјата сé уште била бомбардирана од голем астероиди, „остатоците од градежните материјали“ од формирањето на планетата, и доколку животот можел да се појави и да преживува во такви услови, тоа значи дека нејзината појава не била само случаен и уникатен феномен, како што се верува денес.
„Тоа би можело да значи дека Земјата пред 3,7 милијарди години не била него вид пекол. Земјата изгледа била место на кои животот можел да цути“, вели Натман,.
Земјата е создадена пред 4,6 милијарди години и оваа заедница укажува дека животот се развил релативно брзо откако пред 4 милијарди години завршил дождот од астероиди.
OhridNews
извор: „Макфакс“