Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, на граничните премини со соседна Грција, поради штрајкот на грчките царински службеници кој започна вчера, сообраќајот за товарните возила е во целосен прекин, а патнички возила се пропуштаат по половина час, на секои 2 часа.


Како што претходно информира министерството за внатрешни работи, 48 часовниот штрајк и блокадата на патниот сообраќај на македонско- грчките гранични премини ќе траат до среда наутро (14.09).

OhridNews