Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, во Охрид денеска на пладне на градскиот плоштад ќе се одржи 60 минутен молк за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

Да покажеме заедништво и почит на сите погодени, велат организаторите.

Во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, животот го загубија 59 лица, а следниот ден почина возач на брзата помош кој без одмор со часови пренесуваше жртви од трагедијата во која повредени се близу 200 лица.

OhridNews