По повод Денот на вљубените и Свети Трифун, денес, на градскиот плоштад членовите на Оригами клубот при општинскиот Црвен крст по симболична цена продаваа срциња и цвеќиња изработени од хартија. Се продаваа и гипсени предмети, во рамки на активностите на проектот Црвен крст во акција промоција на хумани вредности.

Собраните средства ќе се искористат во хуманитарни  цели.

Оригами клубот, кој брои веќе 70 членови,  започна да функционира во октомври минатата година. Членовите кои се на различна возраст, предводени од инструкторот за оригами Наташа Алексиќ,имаат можност да ги развиваат своите креативни способности изработувајќи најразлични предмети од хартија, со чија продажба се поддржуваат низа хуманитарни активности на општинскиот Црвен крст.

OhridNews