Научниците сметаат дека со климатските промени ќе дојде до надпросеченно зголемување на температурите во градовите и бараат превземање на урбанистички мерки со кои ќе се овозможи „вентилација во градовите“.
„Потребни се коридори за ладен воздух во градовите“, изјави германскиот стручњак за климатски промени Carl Beierkuhnlein на симпозиумот за климатски промени и здравје кое во моментов се оддржува во Минхен.
Како тоа би се овозможило, Beierkuhnlein смета дека во некои градови ќе мора да се рушат згради и стамбени блокови како би се направил таков коридор за вентилација.
„Доклоку немаме ладен воздух навечер, не може да имаме здрава клима во градот“, изјави Beierkuhnlein.
Стручњаците очекуваат дека со зголемувањето на температурите ќе се зголемат здравствените проблеми кај луѓето, како и бројот на смртни случаи во периодите на големи жештини.