Една 79 годишна холанѓанка, поборник за правото на достоинствена смрт, на градите истетовирала порака „Не ме оживувајте“.
Паула Вестоби, која за време на тетовирањето ја снимала холандска телевизија, рекла дека поради своите години, ако доживее срцев удар, не сака лекарите да ја оживуваат.
„Не е лесно да се самоубиеш, но кога ти е доста од се и ти е мачно да живееш на таков очаен начин, тогаш тоа некако и го сакаш“ – рекла Паула.
Таа инаку е претседателка на организацијата „Exit“ која се залага за правото на еутаназија и со своето јавно тетовирање, сакала да упати политичка порака за тоа право да се озакони.