Во рамки на акцијата на Царинската управа на  25-ти јули во Дојран во 6 угостителски објекти е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци. 

-Привремено се задржани околу 64,5 литри литри жестоки алкохолни пиајлоци од кои 30 литри се домашна ракија и мастика за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. – соопшти Царинската управа.

Царинската управа најави дека ќе продолжи со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза.

OhridNews