Најголемиот фитнес центар во градот „ИБ“ е подготвен за реотварање после паузата поради пандемијата на коронавирусот. Со работа современиот фитнес центар ќе започне од утре (петок) под строги мерки и протоколи, издадени од Комисијата за заразни болести.
Почитувани клиенти,
Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, ИБ-Фитнес центарот започнува со работа од петок (26 јуни) во 10 часот. Ве очекуваме, со напомена да ги почитувате мерките кои ќе бидат доставени од комисијата и изложени на повеќе места во фитнес центарот, – соопштуваат од „ИБ-Фитнес центарот“.
Понудата за секој спортист или рекреативец во „ИБ-Фитнес центарот“ е голема, почнувајќи од максимално опремен фитнес центар до сала за фудбал, кошарка и тенис, пинг понг и други индивидуални и екипни спортови.
OhridNews