Големата фонтана на плоштадот кај стариот Чинар треба да се преуреди сметаат охриѓани. За тоа се 88 отсто од испитаниците во анкетата што ја спроведе OhridNews, додека 12 проценти од граѓаните сметаат дека фонтаната добро се вклопува во просторот. Во анкетата учествуваа 3309 читатели на OhridNews.

За дислокација на големата фонтана од плоштадот кај  чинарот е и стручната јавност. Повеќе архитекти и експерти со кои контактиравме истакнаа дека фонтаната поставена пред години го нагрдува просторот и воопштио не се вклопува во амбиенот. Тие сметаат дека во иднина пред да се реализираат вакви проекти општината треба да ја консултира стручната јавност и да организира поширока дебата, со цел јавниот простор во градот соодветно да се уреди.

OhridNews